Напаѓачот вели дека е на исто ниво со Меси и Роналдо

Ибрахимовиќ во свој стил: Дали жалам што не освоив „Златна топка“? Не, таа жали за мене!

Златан Ибрахимовиќ вели дека е на исто ниво со Лео Меси и Кристијано Роналдо и додава дека не жали што никогаш не ја добил престижната индивидуална награда „Златна топка".

Магазинот Франс Фудбал кој ја доделува „Златната топка“, седна на интервју со Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот важи за еден од најдобрите фудбалери во својата генерација, но никогаш не ја добил оваа престижна индивидуална награда.

Една од причините е тоа што игра во време кога Лео Меси и Кристијано Роналдо доминираат на терените и се главни во фокусот.

„Ако зборуваме за природен талент и квалитет, не се ништо подобри од мене“ – вели Златан Ибрахимовиќ на прашањето за Роналдо и Меси. „Ако зборуваме за трофеи, тогаш да, јас немам триумфирано во Лигата на шампиони“.

„Но не знам како правите пресметки за тоа кој треба да ја добие наградата. Бидејќи кога колективот игра добро и освојува трофеи, сосема нормално е индивидуалецот да го прави истото. Индивидуалецот не може да биде добар доколку и колективот не е добар“.

„Дали жалам што не освоив „Златна топка“? Не, „Златната топка“ жали за мене!“

„Длабоко во себе, мислам дека сум најдобар во светот“

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе