Во соблекувалната на Милан

Ибрахимовиќ раскажа како еднаш го фрлил Гатузо во канта за ѓубре (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ ја потврди фамозната приказна дека го напикал Џенаро Гатузо во канта за ѓубре, Швеѓанецот со голема насмевка на лицето и гестикулации со рацете покажа како виселе нозете на Рино.

Пред неколку години, Тиаго Силва ја раскажа лудата приказна од соблекувалната на Милан и како Златан Ибрахимовиќ го напикал Џенаро Гатузо во канта за ѓубре.

Швеѓанецот во емисијата „Че Темпо че Фа“ на Раи се присети на тој момент и со голема насмевка на лицето и гестикулации со рацете покажа како виселе нозете на Рино.

„Пред некој ден му се јавив на Гатузо и му реков да испрати порака до мојот син, честитка за роденден. Му реков, ако не пратиш, ќе дојдам во Неапол и лично ќе се погрижам да честиташ во живо“ - вели Ибра.

Новинарот побара појаснување и го праша, „Рино е омилен играч на товјот син?“

„Да, да. Го сака многу поради одлучноста и менталитетот кои го прикажуваше на терен“ - oдговори Швеѓанецот.

Новинарот потоа го праша за приказната дека еднаш го фрлил Гатузо во канта за ѓубре а напаѓачот убаво се изнасмеа.

„Да, да, да. Рино е цврсто момче, тоа беше како Тајсон, Мохамед Али и Брус Ли да влезат во клинч. Го напикав со глава во канта за ѓубре, двете нозе му висеа вака“.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе