Швеѓанецот уште една година на Сан Сиро

Ибрахимовиќ потпиша нов договор со Милан, неговиот минималец го сонуваат многу фудбалери

Милан потврди дека Златан Ибрахимовиќ ставил потпис на нов договор, напаѓачот ја продолжи соработката со „росонерите" до јуни 2023 година.

Златан Ибрахимовиќ нема намера да оди во пензија, напаѓачот денеска ја продолжи соработката со Милан. 

Од таборот на „росонерите“ попладнево брифираа дека Швеѓанецот ставил потпис на нов договор со трајност до јуни 2023 година.

Новата соработка медиумите ја најавуваа подолго време, со оглед на тоа дека Златан Ибрахимовиќ е повреден и ќе се врати на терените на стартот од следната година, за основната плата се пишуваше дека ќе биде „минимална“ или „симболична“.

Но сумата од 1,5 милиони евра која ќе му биде загарантирана на напаѓачот сигурно е сон на голем број фудбалери.

Златан Ибрахимовиќ исто така ќе добие и бонуси во зависност од бројот на натпревари, голови и успеси на Милан.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе