Лига на шампиони

И следниот меч на Вардар во Лигата на шампионите може да биде одложен, ПИК Сегед има проблеми со ковид-19

Мечот на Вардар со Елверум беше одложен, а тоа може да се случи и со натпреварот на црвено-црните против ПИК Сегед кој треба да се одигра во четврток. 

ПИК Сегед информираше дека имаат нов член заразен од коронавирус, со што бројот на играчи во овој тим кои се позитивни на ковид-19 се искачи на седум.
 
Целата екипа на унгарскиот тим повторно е во карантин, а билетите за натпреварот против Вардар се повлечени. За овој меч планирано беше да има и публика, 30 проценти од капацитетот.
 
Од ПИК Сегед велат дека се во комуникација со Вардар и со ЕХФ и наскоро ќе биде донесена одлука за евентуално одложување на мечот.
 
Се уште не се знае идентитетот на новозаразениот ракометар, а останатите шест се Бомбач, Мачковшек, Хенигман, Баниди, Бодо и Кашпарек, тие не би играле ако мечот треба да се одржи во четврток.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе