Нема да видиме дуел на двајцата најдобри фудбалери на денешницата

И последниот тест е позитивен, Роналдо ја пропушта пресметката со Барса и Меси

Медиумите од Италија пренесуваат дека и последниот тест на Кристијано Роналдо донел позитивен резултат па Португалецот нема да игра против Барселона и Лео Меси во Лигата на шампиони.

Кристијано Роналдо не го фати последниот воз. Бидејќи немаше симптоми, ЦР7 можеше утре да истрча на теренот против Барселона и Лео Меси доколку добие негативен тест на 24 часа пред мечот.

Сепак, резултатите кои вечерва пристигнале се позитивни,Португалецот нема да настапи па дербито од второто коло во Лигата на шампиони ќе биде осиромашено и нема да видиме дуел на двајцата најдобри фудбалери на денешницата.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе