Борјан кој брани во Црвена звезда е роден во Книн, тоа е хрватски град, но на времето беше дел од Република Српска Крајна, која Србите ја сметаа за своја територија.
Борјан отсекогаш велел дека е роден во Србија, а не во Хрватска.
„Не сум роден во Хрватска. Роден сум во Крајна, тоа беше српско место. Ја себе се опишувам како некој кој е роден од Србија, од Далмација, но се чувствувам како Канаѓанец бидејќи таму поминав многу години“, е изјавата на Борјан на прашањето од каде е.
Поради тоа на мечот против Канада, хрватските навивачи му скандираа „Борјане усташо“, а тој им покажа три прста.
Borjane ustašo! 😂 pic.twitter.com/sdZINxQwuh
— Mali Macchiato ☕ (@IvanMarkoti2) November 27, 2022
Тоа не било се, по натпреварот тие дошле до неговиот телефонски број, на „Ватс Ап“ му пратиле преку 2.500 навреди, го делеле бројот на што повеќе фанови и му праќале различни навредливи пораки.
За Борјан хрватските навивачи се примитивци кои влечат фрустрации од дома и затоа така се однесуваат.
„Тие се примитивци. Немам јас што да кажам за нив, нивните дела доволно зборуваат за нив. Слушнав што викаат, дека навредуваат, но сето тоа зборува за нив. Изгледа имаат фрустрации од дома, па сега тоа го покажуваа тука. Треба да поработат на себе и на своите семејства“, рече Борјан по натпреварот.
За разлика од неговата изјава за хрватските навивачи, тој има само убави зборови за фудбалерите на Хрватска.
„Фудбалерите на Хрватска се господа. Се однесуваат господски и сите честитки за нив. По мечот зборував со Перишиќ и ми рече: „ајде победете го Мароко да одиме понатаму“. Сакаме да дојдеме до победа на Светското првенство, иако за жал не можеме да одиме понатаму. На Хрватска ѝ посакувам се најдобро, одиграа одличен меч“.