СП 2022

Хрватска приреди сензација, го исфрли Бразил од Светското првенство (ВИДЕО)

Хрватска го елиминираше главниот фаворит на Светското првенство, Бразил, коцкестите по подобро изведување на пенали победија, натпреварот по 120 минути беше 1-1. 

Голманот Ливаковиќ и напаѓачот Петковиќ се хероите на Хрватска на натпреварот против Бразил. Хрватите направија сензација, најголемиот фаворит за тронот си оди дома.
 
Натпреварот беше рамноправен во првото полувреме, а во вториот дел Бразилците тргнаа поконкретно кон голот на Ливаковиќ, но хрватскиот голман правеше чуда. Одбрани осум топки во регуларните 90 минути и не дозволи да се затресе неговата мрежа.
 
Немаше голови во регуларниот дел, па се играа продолженија.
 
Бразил конечно поведе во 106. минута кога Нејмар постигна гол за водство од 1-0. Одлична акција на Бразилците.
 
 
Се чинеше дека тие го направија главното, но Хрватска не мислеше дека е готово. Во 117. минута дуото на Динамо Загреб, Оршиќ - Петковиќ донесе израмнување. Оршиќ асистираше до Петковиќ кој реализираше за 1-1. Тоа беше резултатот по 120 минути игра.
 
 
Кога се во прашање пеналите, Хрватска е најдобра. Така беше и овојпат. Ливаковиќ го одбрани шутот на Родриго, а Маркињос ја погоди стативата. Бразилците погодија двапати од четири обиди и испаднаа, головите за нив ги дадоа Касемиро и Педро.
 
Хрватска реализираше четири од четири во пенал серијата, Влашиќ, Мајер, Модриќ и Оршиќ погодија.
 
 
Хрватска е првиот полуфиналист на Светското првенство, а таму ќе игра со победникот од дуелот меѓу Холандија и Аргентина.
 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе