Премиерлига

Хет-трик на Халанд и Фоден, шест гола во мрежата на Де Хеа (ВИДЕО)

Манчестер Сити и Манчестер јунајтед одиграа градско дерби со дури девет голови од кои шест беа во мрежата на Давид де Хеа, Ерлинг Халанд постигна трет хет-трик по ред на Етихад. 

Ерлинг Халанд ја потврди неверојатната форма во која се наоаѓа, постигна хет-трик, негов трет по ред на Етихад, но денеска имаше и две асистенции.
 
Со овој пораз запре и серијата на победи на Манчестер јунајтед во Премиерлигата кој дури може и да биде задоволен со резултатот со оглед на тоа што можеше да доживеа уште поголем дебакл.
 
Резултатот го отвори Фил Фоден уште во осмата минута, погоди по асистенција од Бернанрдо Силва.
 
Следуваа два гола на Ерлинг Халанд по две асистенции на Кевин де Брујне.
 
А до крајот на првото полувреме Фоден даде уште еден гол и со 4-0 се замина на паузата.
 
По десет минути игра во вториот дел Ентони постигна прекрасен гол од далечина и намали на 4-1.
 
Но, потоа следуваа уште по еден гол на Халанд и Фоден за предност на Манчестер Сити од 6-1.
 
До крајот на мечот Марсијал даде два гола, од кои еден од пенал за конечен резултат од 6-3.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе