Големи пропусти на организаторот

Хаос пред финалето од ЛШ, навивачи се обидуваат да влезат без билет, стартот на мечот ќе доцни (ВИДЕО)

На вратите пред стадионот во Париз се случува вистински хаос поради што натпреварот меѓу Ливерпул и Реал Мадрид ќе доцни. 

Последните информации велат дека доцнењето на мечот е поради хаосот кој што се случува пред портите на стадионот. Навивачи на Ливерпул се обидуваат да се прекачат и да влезат и покрај тоа што немаат билет.
 
Обезбедувањето очигледно не е на нивото на овој меч, организаторот ги изгуби работите од контрола, па во моментов не се влегува нормално на стадионот кој иако е распродаден, на него има многу празни места.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе