Германецот нема да може да игра

Хаос пред финалето на Светското клупско првенство: Милер бил два пати позитивен и еднаш негативен на ковид-19

Томас Милер нема да настапи во финалето на Светското клупско првенство, напаѓачот на Баерн Минхен имал два позитивени и еден негативен тест на ковид-19.

Баерн Минхен вечерва против Тигрес ќе се бори за титулата на Светското клупско првенство а Ханси Флик ќе биде без услугите на Томас Милер. Напаѓачот е позитивен на ковид-19 и нема да може да им помогне на своите соиграчи.

Како што пренесува Билд, Томас Милаер во средата имал позитивен тест, но потоа бил тестиран уште еднаш и добил негативен тест. За да се решат сите дилеми, фудбалерот бил тестиран по трет пат, овој тест бил позитивен па ФИФА пресекла и забранила настап во финалето.

Ваквиот развој на настаните е загатка за Баерн, никој не знае како Томас Милер се заразил со коронавирус. Во Катар има строги мерки, играчите на Баерн, лекарскиот тим и тренерскиот персонал престојуваат во хотел во кој нема други гости и можат да го напуштат луксузниот ресорт само за да одат на тренинг и натпревар.

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе