Ерлинг Халанд ова лето се пресели во Манчестер Сити, но медиумите веќе шпекулираат за неговиот нов клуб. Се говори дека во договорот на напаѓачот има откупна клаузула од 150 милиони евра која се активира во 2024 година, па Норвежанецот се најавува како наследник на Карим Бензема во Реал Мадрид.
Марка сега пишува дека во договорот на Ерлинг Халанд има две откупни клаузули, и сумите се многу повисоки од она што во прв момент се пишуваше.
Првата откупна клаузула се активира во јули 2024, слободата на напаѓачот тогаш ќе чини 200 милиони евра.
Втората откупна клаузула пак станува активна во јули 2025 и ќе изнесува 175 милиони евра.