Премиерлига

Халанд е првиот играч кој постигна хет-трик во Премиерлигата оваа сезона, Сити направи голем пресврт (ВИДЕО)

Манчестер Сити се врати од два гола негатива против Кристал Палас, „граѓаните" со помош на хет-трикот на Ерлинг Халанд стигнаа до победа од 4-2 и нови три бода.

Ерлинг Халанд е првиот играч кој постигна хет-трик во Премиерлигата оваа сезона, напаѓачот три пати ја тресеше мрежата на Кристал Палас за голем пресврт и победа на Манчестер Сити.

Гостите рано поведоа, во 4. минута Стоунс си ја затресе сопствената мрежа за 0-1, за потоа Андерсен да погоди за 0-2 во 21. минута.

Манчестер Сити се врати во игра на стартот од вториот дел, Силва намали на 1-2, а десет минути подоцна, Халанд изедначи на 2-2.

Во 70. минута, Норвежанецот реализираше за 3-2, за во 81. минута одново да ја затресе мрежата на гостите и да ги реши сите дилеми.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе