Премиерлига

Халанд дебитираше во Премиерлигата со два гола, Сити рутински против Вест Хем (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд е првиот играч на Манчестер Сити по Кун Агуеро кој дебитирал со два гола во Премиерлигата, „граѓаните" рутински се справија со Вест Хем и славеа со 0-2.

Манчестер Сити ја почна одбраната на титулата во Премиерлигата со триумф од 0-2 на гостувањето кај Вест Хем.

Играч на натпреварот беше Ерлинг Халанд, кој постигна два гола. Напаѓачот во 36. минута прецизно биеше од белата точка за 0-1, откако претходно самиот го изнуди пеналот.

На средината од второто полувреме, Норвежанецот доби топка во фор од Де Брајне и прецизно биеше по земја за 0-2.

По кошмарниот меч против Ливерпул, Ерлинг Халанд сега блесна на првиот натпревар во Премиерлигата и стана првиот играч на Манчестер Сити по Кун Агуеро кој дебитирал со два гола во најсилното првенство на Англија.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе