Нема лабаво со Пеп

Гвариола до своите играчи: Кој фудбалер мисли дека е готово, нема да игра

Пеп Гвардиола вели дека и покрај тоа што имаат голема предност на врвот во Премиерлигата, работата не е готова додека таа и официјално е биде готова.

Манчестер Сити има 20 победи по ред, нешто што претходно не му успеало на ниту еден клуб. Но и покрај фантастичната серија и големата разлика на врвот, со Пеп Гвардиола нема опуштање, тој вели дека постојано бара повеќе од неговите фудбалери.

„Не можеме да се релаксираме ниту секунда. Секогаш можеме подобро... тоа е целта“, вели Гвардиола.

„Колку повеќе победуваме и остваруваме резултати, толку повеќе треба да бараме од нашите фудбалери и да велиме дека можеме подобро“.

„Ова е момент кога ако почувствувам дека некој фудбалер смета дека работата е готова или колку сме добри, тој нема да игра“.

„Имам добра интуиција. Точно знам кога некој не е подготвен да го продолжи тоа што треба да го правиме. Реков и претходно, шампион е Ливерпул, за ние да станеме ни требаат уште осум, девет или десет натпревари, а тоа е многу“.

„Како што на Ливерпул му се случува да падне на неколку натпревари, може да ни се случи и нас. Тоа го видовме и минатата сезона и на почетокот од оваа, не можевме да победиме три меча во првите два месеци. Не смееме да се опуштиме“.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе