Најдобриот македонски фудбалер замина во пензија

Горан Пандев стави крај на кариерата

Во интервју за „Газета дело Спорт“, Горан Пандев потврди дека става крај на кариерата, македонската фудбалска легенда по две децении кариера, се повлекува.

Пред крајот на минатата сезона Горан Пандев остави можност да продолжи да игра, никогаш не објави јавно дека ја завршува кариерата, но како одминуваше времето стануваше јасно дека тој повеќе нема намера да игра.
 
Во изјава за „Газета дело Спорт“, тој за првпат кажа дека е крај, дека ја завршува кариерата.
 
„По 20 години... мојот син наполни 13 и во целиот живот спевав почесто да го гледам само во периодот на одмор меѓу две сезони. Сега дојде време да уживам со семејството“, вели Пандев.
 
„За првпат цело лето не размислував за фудбал, а кога ќе се случи тоа се опуштате, јадете, помалку тренирате. Во главата немав дека треба да почнам подготовки. По настапите во Серија Б без плејоф или плејаут, неколку месеци не правев ништо, а кога имате 39 години, потешко е да се вратите“.
 
„Сега сакам малку повеќе да одморам со семејството затоа што 20 години се премногу за да бидете одвоени од него. Но ќе останам во фудбалот, друго и не знам да работам“.
 
Пандев не се гледа себеси како тренер, вели дека би сакал да работи како спортски директор или менаџер.
 
„Себеси се гледам како спортски директор или менаџер. Сакам да работам со деца, да им помагам, да разговарам со нив, да гледам младински фудбал“.
 
„Би сакал да им се заблагодарам на сите, фала ви за сѐ. На сите навивачи, претседатели, тренери низ кариерата. Сите тие ми дадоа нешто и јас тоа нема никогаш да го заборавам“.
 
Пандев во Серија А одигра речиси 500 натпревари и постигна над 100 голови. Македонецот остави голем белег во италијанскиот фудбал каде ја помина речиси целата своја кариера.
 
Горан Пандев кариерата ја почна во Беласица, во 2001 година беше купен од Интер, а потоа играше како позајмен во Специја и Анкона. Во 2004 година потпиша за Лацио каде остана пет сезони. Во 2009 година се врати во Интер и со Жозе Мурињо ја освои историската тројна круна. Потоа играше за Наполи. Единствената авантура надвор од Италија му беше Галатасарај. По една сезона помината таму, се врати во Италија и потпиша за Џенова каде остана седум години. Последните натпревари во кариерата ги одигра за Парма.
 
За македонската репрезентација одигра 122 натпревари, даде 38 голови. Круна на репрезентативната кариера беше настапот на Европското првенство, Пандев ќе биде запишан и како првиот стрелец за Македонија на големите натпреварувања.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе