Серија А

Голот на Елмас не беше доволен, Наполи киксна против Лече, Јувентус ја победи Специја (ВИДЕО)

Елиф Елмас го постигна својот прв гол во Серија А оваа сезона, но Наполи одигра само 1-1 на свој терен против Лече, Јувентус со голови на Влаховиќ и Милик ја победи Специја со 2-0. 

Наполи важеше за огромен фаворит против Лече, но не успеа да дојде до трите бода и да се врати на врвот во Серија А.
 
Лече имаше огромна шанса да дојде прв во водство, но Мерет му одбрани пенал на Коломбо во 25. минута.
 
Само две минути подоцна Наполи казни, по асистенција на Политано, Елмас даде гол за водство од 1-0.
 
 
Но радоста на Наполитанците не траеше многу, Коломбо постигна прекрасен гол во 31. минута и израмни на 1-1.
 
Елмас играше до 56. минута кога на негово место влезе Кварацкелија. Наполи имаше неколку шанси за победа, но не ги искористи.
 
За разлика од нив, Јувентус ги освои планираните три бода против Специја откако ја победи со 2-0.
 
Влаховиќ во деветтата минута даде гол од слободен удар, реприза на погодокот против Рома. Овојпат донесе водство против Специја.
 
Тој резултат беше актуелен се до 91. минута кога Милик го постигна својот деби гол за Јувентус и ги постави конечните 2-0.
 
 
Претходно Лацио во 92. минута пропушти победа на гостувањето кај Сампдорија. Домаќините дојдоа до 1-1 со гол на Габиадини, Лацијалите имаа водство од 21. минута со гол на Имобиле, но не го сочуваа.
 
Удинезе со 1-0 ја совлада Фиорентина, Несторовски не играше на овој меч. 
 
Емполи и Верона одиграа нерешено 1-1.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе