Младиот чувар на мрежата е во фокусот во родната Полска

Голманот на ПСЖ се врати дома, изнајмил Ламборгини и за две недели го искрши (ФОТО)

Третиот голман на ПСЖ, Марчин Булка е во центарот на вниманието во родната Полска откако во средата вечерта направи сообраќајна несреќа и го уништи изнајменoто Ламборгини.

Франција стави крај на сезоната поради пандемијата на коронавирус, па фудбалерите добија дозвола да си заминат и да се вратат во своите земји. 

Голман на ПСЖ, Марчин Булка сега е во фокусот на вниманието во родната Полска откако предизвика сообраќајна несреќа. Тој пред неколку недели изнајмил Ламборгини Хуракан од ексклузивен салон и за кратко време успеал да го искрши. 

Во средата вечерта, 20 годишниот фудбалер на регионален пат во градот Вишогорд се судрил со Хјундаи при обидот да претекне еден автомобил. За среќа сите поминале добро и немаат повреди, но тоа не може да се каже и за преку 200.000 евра вредното Ламборгини, кое е прилично оштетено. 

Инцидентот го прокоментира и првиот човек на Фудбалската федерација на Полска, Збигњев Боњек кој на социјалните мрежи напиша: „Што ли само ќе вози кога ќе почне да игра?“

Зајадливиот коментар се однесува на тоа што Марчин Булка е само трета опција во Париз и не добива минутажа од Томас Тухел.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе