Поради кавга со Дејан Станковиќ

Голманот и капитен на Црвена звезда, Милан Борјан сака да си оди од клубот

Црвена звезда може да остане без својот голман и капитен за вториот дел од сезоната откако Милан Борјан и Дејан Станковиќ имале сериозна кавга. 

Српските медиуми пишуваат дека голманот Милан Борјан најверојатно ќе ја напушти Црвена звезда откако влегол во кавга со тренерот Дејан Станковиќ.
 
Утринава се обрати Борјан и потврди дека сака да си оди од Црвена звезда, велејќи дека причините се многу подлабоки, поконкретни и поголеми од тоа што се пишува.
 
„Синоќа во медиумите се појави информација дека сакам да си одам од Црвена звезда и дека причина за тоа е што не можам да трпам тензија и притисок. Да, сакам да си одам од Црвена звезда бидејќи мислам дека на клубот му дадов срце, душа и секој атом од силата и дека дојде време своето место да му го отстапам на достојната замена. Црвена звезда знае дека пет години сум изложен на најголеми притисоци, скандирања, напади на своето семејство и дека во секој момент го давав максимумот и гинев за овој грб кога било најтешко“, вели Борјан.
 
„Причините за мојата желба да се повлечам се многу подлабоки, поконкретни и поголеми. Ако има потреба во некој момент ќе го споделам и тоа со вас бидејќи навивачите на Црвена звезда отсекогаш биле мој најголем мотив, моја сила и причина да се борам од година во година се посилно. Сите навивачи и медиуми ги замолувам да ми дозволат во мир да го поминам одморот со фамилијата и во наредниот период нема да се огласувам на оваа тема. Ви благодарам на разбирањето. Засекогаш ваш војник Милан Борјан“.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе