НБА

Голден стејт се буди, четврта победа по ред (ВИДЕО)

Голден стејт го совлада Феникс со 105:96 и ја забележа четвртата победа по ред. 

Отпишаниот Голден стејт дава знаци на живот, иако игра без Кари и Томпсон кои се повредени, тие успеаа да ја забележат четвртата победа по ред, вкупно девета оваа сезона. Уште се на дното на западот, но серијата победи е добар знак за овој тим.
 
Феникс водеше во најголемиот дел од натпреварот, но Голден стејт имаше моќна четвртина која ја доби со 39:18, направи комплетен пресврт и на крајот победи со 105:96.
 
Расел со 31 поен беше најефикасен во составот на Голден стјет, три повеќе од него имаше кошаркарот на Феникс, Букер.
 
 
Резултати:
 
Бостон - Кливленд 129:117
Шарлот - Оклахома 102:104
Орландо - Филаделфија 98:97
Атланта - Милвоки 86:112
Мајами - Индијана 113:112
Голден стејт - Феникс 105:96

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе