Елиф Елмас мечот го почна од клупата за резерви, во игра влезе во 59. минута, а во 81. постигна гол. Лозано убаво асистираше до македонскиот фудбалер кој многу смирено, рутински ја смести топката во мрежата на Аталанта и ги постави конечните 3-1 за Наполи.
Наполи по првото полувреме водеше со 2-0 со голови на Инсиње и Политано. Де Рон во 58. минута ја врати Аталанта во игра, но сите надежи на домаќините им ги сруши Елмас.
Наполи сега има исто бодови колку и Милан 66, но росонерите имаат натпревар помалку, утре играат со Болоња на Сан Сиро.