Робин Госенс е една од желбите на Њукасл, но Германецот нема да се пресели на Сент Џејмс Парк. Левиот бек на Аталанта е пред трансфер во Интер и покрај тоа што понудата на клубот од Премиерлигата е побогата.
Се говори дека Интер и Робин Госенс договориле соработка од 2,5 милиони евра плус бонуси по сезона и сега останува двата клуба да постигнат согласност за формулата со која ќе се реализира трансферот.
Според пишувањата на Газета дело Спорт, Робин Госенс ќе се пресели на „Џузепе Меаца“ на позајмица до крајот на сезоната, со опција за перманентен трансфер во зделка вредна околу 30 милиони евра.