АТП завршен турнир Торино

Ѓоковиќ со победа против Циципас го почна турнирот во Торино

Новак Ѓоковиќ со триумф од 2-0 против Стефанос Циципас стартуваше на завршниот АТП турнир во Торино. 

За разлика од Надал и Медведев кои беа поразени во првото коло, Новак Ѓоковиќ победнички тргна.
 
Тој во два сета го победи Циципас, со 6-4 во првиот, во вториот сет се играше тај-брејк кој го доби Србинот со 7-6 (7-4).
 
Во првиот меч од оваа црвена група Рубљов со 2-1 (7-6, 3-6, 7-6) го победи Медведев.
 
Денеска се играат натпреварите од второто коло во зелената група, Надал против Оже-Алиасим и Руд против Фриц.
 
 

Трендот на заминување на младите од родната земја е загрижувачка појава која се случува во Македонија.

повеќе

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе