Лига на нации

Германија и одржа фудбалска лекција на Италија и се радува на прва победа над „аѕурите“! (ВИДЕО)

Германија се радува на првата победа против Италија на официјален натпревар, избраниците на Ханси Флик му одржаа фудбалска лекција на подмладениот тим на Роберто Манчини и славеа со 5-2.

Дербито на вечерта во Лигата на нациите заврши со триумф на Германија од 5-2 против Италија, за домаќините ова беше прва победа над „аѕурите“ на официјален натпревар.

Роберто Манчини се реши за променет и подмлаен тим, па Италија доби фудбалска лекција.

Кимих го отвори резултатот по 10 минути игра, а Гундоган од пенал во последните мигови на првиот дел зголеми на 2-0.

На стартот од вториот дел, Милер реализираше за 3-0 а потоа во период од 90 секунди, Вернер два пати ја тресеше мрежата на Донарума за 5-0.

До крајот на натпреварот, Њонто намали на 5-1 во 78. минута и стана најмалдиот стрелец во историјата на Италија, за Бастони во 94. минута додатно да го ублажи поразот и да ги постави конечните 5-2.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе