„Сицилијанците“ станаа дел од „Сити Фудбал Груп“

Газдите на Манчестер Сити го купија Палермо за скромни 13 милиони евра

Медиумите од Италија пренесуваат дека денеска во Милано биле потпишани документите со кои „Сити Фудбал Груп" станува нов сопственик на Палермо во зделка вредна околу 13 милиони евра.

Палермо е 11-тиот клуб под капата на Шеикот Мансур и „Сити Фудбал Груп“, попладнево во Милано биле потпишани документите за продажба на клубот од „сицилија“.

„Сити Фудбал Груп“ ќе плати околу 13 милиони евра за да купи 80% од Палермо, додека пак сегашниот претседател Дарио Мири ќе задржи 20% и ќе остане на чело на клубот. 

Палермо во 2019 влезе во големи финансиски проблеми, клубот банкротираше и беше преселен во четврта лига, но оваа сезона успеа да се избори за промоција во Серија Б, и следната сезона ќе настапува во втора лига. На натпреварите од плејо-офот имаше и над 30.000 публика.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе