Првиот човек на клубот од „Луиџи Ферарис“ синоќа беше уапсен, се сомничи за копоративен криминал и лажен банкрот на една од неговите компании.
Адвокатот Џузепино Тенга сега открива дека Масимо Фереро тргнал да преговара со Дејан Станковиќ за Србинот да стане нов тренер на Сампдорија, а на крајот завршил зад решетки.
„Не пратам многу фудбал, но знам дека Фереро тргна да преговара со Дејан Станковиќ, да го именува за нов тренер на Сампдорија. Затоа беше во Милано кога го уапсија“ – вели адвокатот.
Сампдорија е во резултатска криза, по серијата лоши резултати, тренерот Роберто Д’Аверса требаше да добие отказ а Дејан Станковиќ беше прва желба за негов наследник.
Но сега се е стопирано, откако Масимо Фереро заврши зад решетки се повлече од претседателската фотелја.
„Сампдорија нема никаква врска со процесот, но Фереро е принуден да поднесе оставка бидејќи е очигледно дека од затвор не може да го води клубот“.