Можен е сензационален трансфер

Газдата на Челси разговарал со агентот на Кристијано Роналдо

Сопственикот на Челси, Тод Боели минатата недела бил во Португалија на состанок со агентот на Роналдо, Жорж Мендеш, една од темите била евентуален трансфер на Португалецот на Стемфорд Бриџ.

Познатиот новинар на Атлетик, Дејвид Орстејн открива дека сопственикот на Челси, Тод Боели минатата недела бил во Португалија и разговарал со агентот на Кристијано Роналдо, Жорж Мендеш.

На состанокот биле разговарани повеќе теми, а една од нив била и можноста Роналдо да се пресели во Челси.

Нејасно е каков исход имал состанокот, дали Челси ќе достави понуда за Роналдо. Последните информации се дека тој ќе остане во Манчестер јунајтед, но клубот треба да се активира на трансфер пазарот.

За разлика од другите клубови кои активно се засилуваат, Манчестер јунајтед е многу тивок, гласините велат дека Роналдо е фрустриран поради тоа и нема да биде изненадување ако побара да си оди во поконкурентен клуб.

Предноста на Челси во однос на Манчестер јунајтед е тоа што игра во Лигата на шампионите.

Челси ќе го даде Лукаку на позајмица во Интер, па можеби желбата им е во наредната сезона Роналдо да биде нивниот напаѓач.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе