Продолжуваат промените на „Стемфорд Бриџ“

Газдата на Челси нема милост, преку „Зум“ избркал човек кој 17 години работел во клубот

Медиумите од Англија пренесуваат за нови промени на „Стемфорд Бриџ", отказ добил првиот човек на физиотерапевтите, Тјери Лорен кој работел во клубот 17 години.

Тод Боли и неговиот конзорциум станаа нови сопственици на Челси откако доставија најдобра понуда, но бизнисменот од САД очигледно не се разбира многу од фудбал, а и нема многу емоции откако повлече големи промени на „Стемфорд Бриџ“. 

Тренерот Томас Тухел доби отказ, а од клубот полека си заминуваат и многу други луѓе. 

По 11 години си замина директорот на медицинскиот тим, Др. Пако Биоска, а сега пристигнува информации за нова промена. 

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека отказ добил и првиот човек на физиотерапевтите, Тјери Лорен. Дополнително изненадува фактот дека Тод Боли го известил за својата одлука преку „Зум“ на состанок кој траел само неколку минути. 

Тјери Лорен, кој 17 години е дел од Челси, има прилично импресивна биографија, беше дел од репрезентацијата на Франција која во 1998 година стигна до трофејот на Светското првенство.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе