Легендата имаше потег за паметење

Гатузо откри колку милиони му простил на Милан: Клубот ми даде сè, не сакав да бидам товар

Џенаро Гатузо откри дека се откажал од 5,5 милиони евра нето кога го напуштил Милан во 2019, вели дека „росонерите" му дале се и не сакал да биде товар.

Џенаро Гатузо во 2017 се врати во Милан, беше именуван за тренер на Примавера тимот но само неколку месеци подоцна, откако Винченцо Монтела доби отказ, тој беше унапреден во тренер на првиот тим.

„Росонерите“ беа задоволни од неговата работа па го наградија со договор до 2021 година. Сепак, следната сезона беше негова последна на кормилото, двете страни се разделија на крајот од 2018/19.

Џенаро Гатузо тогаш направи господски потег и се откажа од парите кои требаше да ги доби како обесштетување со цел Милан да може да ги компензира неговите помошници.

„Се откажав од околу 5,5 милиони евра нето“ – открива сега Џенаро Гатузо. „Дел од оваа сума беше искористена за да се компензираат луѓето од мојот персонал бидејќи останаа без работа и тоа не беше фер“.

„Ова не беше голем проблем за мене. Милан ми го промени животот. Благодарен сум му на Милан, клубот ми даде сè, па не сакав да бидам товар“.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе