СП 2022

Гана славеше против Јужна Кореја во возбудлив меч со пет гола (ВИДЕО)

Гана сe радува на прва победа на мундијалите по СП 2010, популарните „црни ѕвезди" попладнево со 2-3 ја совладаа Јужна Кореја во возбудлив натпревар.

Возбудувањaта продолжија и на вториот денешен натпревар, на пресметката помеѓу Гана и Јужна Кореја паднаа пет гола.

По еден прекин во 24. минута, Салису го отвори резултатот и донесе предност за Гана од 0-1. Десет минути подоцна, Кудус зголеми на 0-2, напаѓачот на Ајакс одлично се снајде по една нафрлена топка и со глава ја затресе мрежата.

Јужна Кореја сепак не се предаде, и во второто полувреме за кратко време се врати во игра. Чо во 58. минута намали на 1-2, а истиот играч во 61. минута највиско скокна во петерецот и погоди за 2-2.

Последниот збор сепак го имаше Кудус, кој прецизно пласираше по земја во 68. минута за 2-3 и прва победа на Гана на мундијалите по СП 2010.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе