Лестер влезе како голем фаворит против Фулам, но гостите од Лондон си одат со трите бода.
Резултатот беше отворен во 30. минута со гол на Лукман, тој погодокот му го посвети на Папа Буба Диоп, поранешниот сенегалски фудбалер на Фулам кој почина на 42 години. Лукман зема негов дрес од Сенегал и го крена во воздухот.
Осум минути подоцна Кавалеиро реализираше од пенал и зголеми на 2-0, тогаш Лестер сфати дека негативата од два гола е веќе сериозна.
Но, тешко играа момците на Брендан Роџерс, дури во 86. минута Барнс го намали резултатот на 2-1. Во последните мигови Лестер со сите сили се трудеше да избегне пораз, но не успеа да постигне втор гол.
Лестер остана на четвртата позиција, а Фулам се искачи за една позиција над опасната зона