Првенството во Украина беше прекинато во февруари кога почна воената инвазија на Русија. Војната се уште трае, нема услови за фудбал, па донесена е официјална одлука шампионатот да не се доигра.
Нема да биде прогласен шампион, но екипите на Шахтар и Динамо Киев ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите.
Во моментот кога беше прекинато првенството, Шахтар беше прв со 48 бодови, додека Динамо Киев имаше два помалку.