СП 2022

Фудбалската федерација на Португалија негира дека Роналдо се заканувал со заминување од СП

Утринава португалскиот медиум „Рекорд“ објави дека Кристијано Роналдо се заканил дека ќе го напушти Светското првенство кога дознал дека нема да биде стартер против Швајцарија. Португалската фудбалска федерација сега го негира тоа. 

Од почетокот на подготовките со Манчестер јунајтед пред оваа сезона па досега, Роналдо повеќе е во центарот на вниманието поради нефудбалски работи отколку поради неговите игри на теренот.
 
Таков е и неговиот престој на Светското првенство со португалската репрезентација. Се пишува дека тој имал кавга со селекторот Фернандо Сантош откако дознал дека нема да биде стартер против Швајцарија и во жестината на кагвата се заканил дека ќе си замине.
 
Откако ова излезе во јавноста, се јави и Португалската федерација на Португалија која го негираше тоа.
 
„Информациите кои велат дека Кристијано Роналдо се заканувал дека ќе го напушти националниот тим за време на разговорот со Фернандо Сантош не се точни“, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Португалија.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе