Квалификации за ЕП 2021

Фудбалерките конечно победија, Македонија подобра од Казахстан (ВИДЕО)

Македонската женска фудбалска репрезентација со 3-0 победи на гостувањето кај Казахстан во последниот меч од квалификациите за ЕП 2021. 

Фото: ФФМ
Македонските фудбалерки на триумф чекаа повеќе од една година, по пет порази по ред конечно се радуваме на нивни триумф.
 
Македонја победи со 3-0, Гентјана Рочи постигна два гола по две асистенции на нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова. Еден погодок беше дело на Шемса Селмовиќ. Сите три погодоци ги постигнавме во првото полувреме.
 
Ова беше втора победа за Македонија во квалификациите, и првата беше над Казахстан, тогаш во Скопје со 4-1.
 
Македонија квалификациите ги заврши на четвртото, претпоследно место со шест освоени бодови, осум дадени голови и дури 39 примени.
 

Легенда под Главна слика

Фото: ФФМ

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе