Организирале задоцнета божиќна прослава

Фудбалерите на Сити во Манчестер донеле 22 инстаграм модели од Италија за „Бунга бунга“ забава (ФОТО)

Според пишувањата на Сан, фудбалерите на Манчестер Сити организирале задоцнета божиќна прослава со 22 инстаграм модели од Италија во стилот на „Бунга бунга" забавите кои станаа познати по Силвијо Берлускони.

Поради згуснатиот распоред во Премиерлигата за празниците, Пеп Гвардиола ја забрани традиционалната божиќна прослава. Но според пишувањата на Сан, играчите со задоцнување организирале забава и по победата од 1-6 над Астон Вила малку повеќе се опуштиле.

Таблоидот вели дека играчите во Манчестер донеле 22 инстаграм модели од Италија, ги сместиле во луксузниот Мер Голф Ресорт и Спа и потоа со автобус биле пренесени на „тајната локација“ на забавата.

Сан додава дека Пеп Гвардиола дозволил фудбалерите да имаат слободна вечер и мала прослава, но не знаел дека ќе се организира „Бунга бунга“ забава, а веста сигурно нема да им се допадне и на сопругите и девојките на играчите, кои очигледно не биле присутни.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе