Успехот не е случаен

Фудбалер на Тотнем потрошил речиси 1 милион евра на опрема, скаутинг и доктори за да биде во врвна форма

Медиумите од Англија пренесуваат дека Емерсон Ројал од Тотнем потрошил речиси 1 милион евра на опрема, скаутинг и соработка со доктори со цел да биде во врвна форма и да стане подобар фудбалер.

Емерсон Ројал пристигна во Европа со помош на Барселона, „каталонците“ заедно со Бетис го купија Бразилецот, но никогаш не му дадоа вистисна шанса и во 2021 година го продадоа на Тотнем.

Десниот бек брзо се наметна како прв избор во „спарси“ но неговиот успех не е случаен. Како што пренесува Сан, цел еден тим се грижи за Емерсон Ројал и не се штедат пари за фудбалерот да биде во врна форма.

Весникот објави дека е потрошен речиси 1 милион евра на опрема, скаутинг и доктори, Емерсон има сопствена хипербарична кислородна комора која му помага побрзо и подобро да се опорави по напорните натпревари.

Бразилецот исто така платил да биде направен скаутинг на Ашраф Хакими, кој во Интер блескаше под водство на Антонио Конте, па составено е цело досие за тоа како Мароканецот ја напраднал својата игра.

Емерсон Ројал исто така внимава и на психолошкиот дел од играта и работи со Др. Фабиано де Абреу Агрела, кој му помага со вежби за концентрација и како да ја намали нервозата кога греши на терените.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе