Бразилецот го напушта Реал по речиси една декада престој во Мадрид

Флорентино Перез конечно се огласи за трансферот на Касемиро во Манчестер јунајтед

Претседателот на „кралевите", Флорентино Перез вели дека Касемиро е легенда на Реал Мадрид, со придонесот кој го дал изминативе години заслужил да одлучи што сака да прави.

Касемиро е клучна алка од средниот ред на Реал Мадрид, но „кралевите“ не му направија проблем на Бразилецот кога Манчестер јунајтед тропна на неговата врата оваа недела и му понуди авантура во Премиерлигата.

Двата клуба за кратко време постигнаа договор за трансфер вреден 85 милиони евра и Касемиро наскоро ќе стане нов „ѓавол“.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез конечно се огласи и рече дека Касемиро со придонесот што го дал изминативе години заслужил да одлучи што сака да направи.

„Касемиро е легенда, со придонесот што го даде и се она што направи за клубот, заслужи да одлучи што сака да прави“ – вели првиот човек на „кралевите“.

„Во понеделник ќе му оддадеме признание на церемонија во спортскиот центар на Реал Мадрид“.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе