СП 2022

Флик: Не можам веднаш да кажам дали ќе заминам, но наскоро ќе се знае

Ханси Флик не успеа со Германија да ја помине групната фаза од Светското првенство, а кога тоа ќе ѝ се случи на една велесила, прстот веднаш е вперен кон селекторот.

Во група со Шпанија, Јапонија и Костарика, Германија освои само четири бода и поради полоша гол разлика од Шпанците го заврши настапот на Светското првенство.

Едно од првите прашања за селекторот Флик беше дали ќе си поднесе оставка.

„Брзо ќе донесеме решение, но во моментов, веднаш по елиминацијата, тешко е да се каже. Но наскоро ќе се знае сѐ“, вели Ханси Флик.

„Пропуштивме многу шанси против Костарика во првото полувреме. Ако ги погледнеме натпреварите, сами сме си виновни за елиминацијата. Имавме доволно шанси и против Јапонија и против Шпанија, мораше да ги искористиме“.

„Направивме и многу индивидуални грешки. По оваа елиминација ќе мора да направиме анализа каде погрешивме и да тргнеме во друга насока. Треба да се фокусираме на помладите генерации“.

Германија на второ Светско првенство е елиминирана во групната фаза.

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе