Бараж за пласман на СП

ФИФА донесе конечна одлука, Елмас нема да игра против Италија

ФИФА пресече, македонската фудбалска репрезентација и дефинитивно ќе биде без Елиф Елмас на бараж дуелот против Италија. 

ФИФА донесе одлука со која се бришат жолтите картони од квалификациите, но суспензиите остануваат.
 
Тоа значи дека сите фудбалери кои имале по еден жолт картон ќе влезат без картони во бараж натпреварите, но оние кои веќе имаат суспензии, нема да може да играат.
 
Таква е ситуацијата со Елиф Елмас, неговата суспензија нема да биде поништена, тој нема да може да настапи на дуелот против Италија.
 
На оваа одлука најмногу се израдува италијанската репрезентација бидејќи имаа десет играчи со жолти картони, ако добиеа картон и на дуелот со нас ќе беа суспендирани за евентуалното финале.
 
Картоните им се бришат на Николо Барела, Федерико Бернардески, Џорџо Кјелини, Федерико Киеза, Џиџо Донарума, Лоренцо Инсиње, Лоренцо Пелегрини, Матео Песина, Рафаел Толои и Сандро Тонали.
 
Натпреварот меѓу Италија и Македонија се игра на 24 март во Палермо.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе