Лига на нации

ФФМ пушти во продажба билети за мечот против Бугарија во Разград

Фудбалската федерација на Македонија, пушти во продажба билети за македонските навивачи за мечот против Бугарија кој го играме на гостински терен во Разград. 

Фото: ФФМ
Билетите се по цена од 600 денари, едно лице ќе може да купи четири влезници. Соопштението на ФФМ ви го пренесуваме во целост:
 
„Поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на натпреварот Бугарија - Македонија во Разград на 2. јуни од Лига на нации,  од денеска (26. мај 2022), можат да купат билети за мечот на стадионот „Хувефарма“ преку официјалниот партнер на ФФМ за продажба на билети, MKTikets.
 
Цената на билет за натпреварот е 600 денари (вклучено ДДВ и достава). 
 
ЛИНК за купување на билети за натпреварот Бугарија - Македонија: 
 
 
Продажбата ќе трае до понеделник (30. мај 2022). Своите билети за натпреварот, купувачите ќе ги добијат во вторник (31. мај 2022), преку карго достава на адресата која ја имаат наведено при електронското купување на билетите. 
 
Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со пополнување на бараните податоци за идентификација (име и презиме, датум на раѓање, број на пасош, контакт телефон). 
 
Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се во секторот на стадионот определен за гостинските навивачи.
 
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови на отворањето на новото издание од Лига на нации“.

Легенда под Главна слика

Фото: ФФМ

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе