Манчестер Сити

Фановите на Сити му се налутија на Пеп: Треба да си ја гледа тренерската работа, не да им дава материјал на другите да нè исмеваат

Навивачите на Манчестер Сити му порачаа на Пеп Гвардиола да се држи до тренерската работа, откако тој јавно ги повика фановите да дојдат во поголем број за следниот натпревар на тимот.

На мечот против Лајпциг, имаше 38.000 навивачи од можни 55.000 колку што е капацитетот на Етихад. По мечот Пеп Гвардиола побара од фановите за дуелот со Саутемптон да дојдат во поголем број.

Оваа негова изјава дојде како порачана за навивачите на другите клубови кои почнаа да го исмеваат Манчестер Сити дека не можат да го наполнат стадионот. 

„Ме изненади тоа што го кажа Пеп. Тој не ги разбира тешкотиите кои можеби некои луѓе ги имаат за да дојдат на натпревар во среда од 21 часот, можеби имаат деца кои не можат да ги остават, можеби не можат да си дозволат, или имаат некои ограничености поради ковид. Не ми е јасно зошто го прокоментира тоа“, вели Кевин Паркер, генералниот секретар на официјалниот фан клуб на Манчестер Сити.

„Тој е апсолутно најдобриот тренер во светот, на најубав можен начин, но мислам дека треба да се држи до тренерските работи“.

„Луѓето наместо да зборуваат за фантастичниот натпревар кој го одигравме, тие зборуваат за коментарите на Пеп. Да се доведе во прашање поддршката кон клубот, што тој со неговата изјава го направи, е разочарувачки за нас“.

„Им дава материјал на  фановите на другите тимови да велат дека Сити не може да го наполни стадионот. Етихад го именуваат во „Емтихад“. Се исмеваат со нас. Иако тоа не е точно, посетеноста генерално е одлична“.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе