Лига на шампиони

Фановите на Баерн истакнаа транспарент против кралицата Елизабета (ФОТО)

Навивачите на Баерн Минхен со транспарент го искажаа своето мислење за влијанието на смртта на кралицата Елизабета Втора врз фудбалските натпревари.

По смртта на кралицата Елизабета, во Велика Британија беа одложени сите фудбалски натпревари. А се одложуваат мечеви и во европските натпреварувања, како што е дуелот меѓу Арсенал и ПСВ во Лига Европа.

Мечот од Лигата на шампионите меѓу Ренџерс и Наполи се одложи за еден ден, наместо вчера ќе се игра денеска, но без гостински навивачи.

Премиерлигата ќе продолжи викендов, но три меча нема да се играат вклучувајќи го и дербито меѓу Челси и Ливерпул.

Во 26. минута од мечот против Барселона, навивачите на Баерн Минхен истакнаа транспарент на кој пишуваше: „Во последен момент одложувања на натпревари и забрани поради кралска смрт. Почитувајте ги навивачите“.

Иако одложувањата на мечевите немаат влијание врз Баерн Минхен, навивачите на германскиот клуб го кажаа својот став за последните случувања.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе