Наскоро ќе пристигне потврда

ЕСПН: ПСЖ му ветуваше брда и долини на Мбапе, на крајот се помири дека фудбалерот оди во Реал!

ЕСПН пренесува дека ПСЖ се откажал од намерата да го задржи Килијан Мбапе, „светците" се помириле дека напаѓачот се сели во Реал Мадрид и во брзо време ќе ја соопшти одлуката.

ЕСПН го најави трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, повикувајќи се на извори блиски до зделката, пренесе дека ПСЖ се откажал од намерата да го задржи Французинот и очекува напаѓачот во брзо време да соопшти дека се сели во престолнината на Шпанија.

„Светците“ не губеле надеж се до минатата недела, му ветувале брда и долини, односно огромен бонус за потпис, огромна плата, подобар состав за следната сезона, капитенската лента како и тоа да има 100% од сопствените имиџ права.

Но ова не било доволно да го одвратат од сонот да го облече белиот дрес. ЕСПН додава дека треба да се испеглаат уште некои детали помеѓу адвокатите на Килијан Мбапе и Реал Мадрид, но само прашање на време е кога ќе пристигне официјална потврда.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе