Во Италија не е дозволено да се игра со дефибрилатор кој му го вградија на Ериксен, па тој не може да продолжи да игра во Серија А.
Ериксен се врати во Данска и тренира со својот поранешен клуб, Оденсе.
Според информациите, на почетокот од 2022 година, Интер и Ериксен со взаемна согласност ќе го раскинат договорот.
Актуелниот договор на Ериксен со Интер трае до јуни 2024 година, неговата плата е 7 милиони евра.
Но, додека е повреден ФИФА му ја покрива платата до максимални 7,5 милиони евра во рок од една година.