По тензични преговори кои траеа со недели

Ериксен пристигна во Милано, ова се деталите од големиот трансфер на Интер

Кристијан Ериксен е на чекор до преселба во Интер, Данецот утрово пристигна во Милано, следат лекарски прегледи и потпис на договорот.

„Нероаѕурите“ добиваат големо засилување, по тензични преговори кои траеа со недели, Кристијан Ериксен го делат само формалности од „црно-синиот“ дрес. Данецот утрово пристигна во Милано, следат лекарските прегледи и потпис со Интер.

Последните информации велат дека Интер на Тотнем ќе му плати 20 милиони евра, плус ќе ги покрие трошоците за солидарни исплати (5% од трансферот односно 1 милиони евра), а ќе биде одигран и пријателски натпревар помеѓу двата клуба и целиот приход од овој меч ќе заврши во касата на „спарси“.

Кристијан Ериксен ќе се обврзе кон Интер до 2024 година и на Џузепе Меаца ќе има плата од 8 милиони евра по сезона, плус уште два додатни милиони во бонуси.

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе