Второ засилување за Ерик тен Хаг

Ериксен потпиша со Манчестер јунајтед, Данецот објасни зошто ги одбрал „ѓаволите“

Манчестер јунајтед попладнево го потврди ангажманот на Кристијан Ериксен, фудбалерот од средниот ред се обврза кон „ѓаволите" до јуни 2025 година.

Кристијан Ериксен е второ засилување за Манчестер јунајтед ова лето, Данецот пристигнува беспари откако на почетокот од годината му се врати на фудбалот и одигра шест мсеци во редовите на Брентфорд.

Брентфорд му понуди нова соработка, интерес за неговите услуги пројави и Тотнем, но Кристијан Ериксен се реши за авантура на Олд Трафорд.

„Манчестер јунајтед е посебен клуб и со нетрпение чекам да ја почнам авантурата. Имав привилегија во неколку наврати да играм на Олд Трафорд, но ќе биде прекрасно да се игра во црвениот дрес на Манчестер јунајтед“ – вели Кристијан Ериксен.

„Видов каква работа заврши Ерик тен Хаг во Ајакс и знам колку тој внимава на деталите. Јасно е дека станува збор за фантастичен тренер. Откако разговарав со него и разбрав за визијата и начинот на кој тој сака неговиот тим да игра, само ме направи дополнително возбуден за иднината“.

„И понатаму имам високи амбиции, знам дека можам да постигнам уште многу и ова е право место за да го продолжам патувањето“.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе