Постигнат е договор

Ериксен ќе биде нов фудбалер на Манчестер јунајтед

Кристијан Ериксен во наредните денови ќе го комплетира трансферот во Манчестер јунајтед, тој веќе има вербален договор со клубот. 

Ериксен го одбрал Манчестер јунајтед. Според новинарот Дејвид Орстејн, Данецот има вербален договор со клубот од Олд Трафорд.
 
Тој денеска го известил и Брентфорд за неговата одлука да се пресели во Манчестер јунајтед.
 
Трансферот ќе биде комплетиран во текот на оваа недела. Кристијан Ериксен ќе потпише тригодишен договор, медицинските тестови се веќе закажани.
 
Клучен за одлуката на Ериксен бил тренерот Ерик тен Хаг кој го убедил да му се приклучи во Манчестер јунајтед.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе