Јувентус

Емотивно збогување на Кјелини од навивачите на Јувентус (ВИДЕО)

Легендарниот Џорџо Кјелини за последен пат играше во дресот на Јувентус во Торино, а веројатно тоа беше и неговиот последен меч за старата дама воопшто. 

Кјелини беше стартер на мечот со Лацио, но одигра само 16 минути. Тоа и беше планот, да го почне мечот, да одигра некоја минута и да излезе како би се збогувал со навивачите.
 
Кјелини со стоечки овации беше поздравен од навивачите, големи беа емоциите кај него, но и кај сите во Јувентус.
 
Тој играше 120 минути против Интер во Купот на Италија, па денеска Алегри реши да му даде само симболична минутажа за да се збогува на вистински начин.
 
Јувентус во последното коло гостува кај Фиорентина, но очекувањата се дека Кјелини нема да игра на тој натпревар што значи дека денеска беа неговите последни минути во дресот на Јувентус.
 
Кјелини за Јувентус дебитираше на 15. октомври 2005 година против Месина, отогаш 560 пати го носеше дресот на старата дама.
 

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе