Откри и каде сака да ја заврши кариерата

Елмас: Сакам да го освојам Скудетото со Наполи, а со Македонија да играм на ЕП и СП

Наполи е на подготовки во Анталија, а Елиф Елмас е посебно интересен за турските медиуми кои поразговараа со него. 

Како поранешен играч на Фенербахче, за Елмас се уште се зборува во Турција. Но сега целите на нашиот фудбалер се со Наполи.
 
„Четири години сум во Наполи и сакам нов трофеј. Ама, овојпат ќе направиме сè за 'скудетото'. Сакаме и можеме да им ја подариме таа шампионска радост на сите во Неапол. Ќе дадеме сè во Серија А и во ЛШ, а на крај се надевам и верувам дека ќе бидеме шампиони. Во Наполи е забавно, покажавме фантастичен фудбал, уживаме, одигравме навистина извонредни мечеви и во ЛШ и во Серија А. Живееме во прекрасен момент, но мора да гледаме напред и да не застануваме. Сакаме да продолжи авантурата во ЛШ, нормално. Имаме големи цели“, вели Елмас.
 
„Што се однесува до Македонија, мојата цел е да играме на следното Европско првенство, како и на следното Светско првенство“.
 
Елмас вели дека во финишот од кариерата сака да се врати во Турција.
 
„Јас ја сакам Турција и размислувам да се преселам тука. Сакам да ја завршам кариерата во Турција“.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе