Македонецот е задоволен од соработката со Спалети

Елмас откри која му е омилена позиција и порача: Не сум играл само уште како голман

Елиф Елмас вели дека неговата омилена позиција е офанзивен играч во средниот ред, но се адаптира на секоја улога, најважно му е да игра редовно.

Елиф Елмас денеска разговараше со Радио Кис Кис, Македонецот доби прашање за неговата омилена позиција, со оглед на тоа што пополнува неколку места во формацијата на Наполи.

„Не сум играл само уште како голман... нo не му кажувајте на Оспина, ќе се налути“ – вели Елиф Елмас со насмевка на лицето.

„Преферирам да сум офанзивен играч во средниот ред, но одлично се чувствувам и како лево крило. Се адаптирам на секоја позиција, најважно е да се игра редовно“.

По доаѓањто на Лучано Спалети, Македонецот ужива поголема минутажа во „синиот“ дрес.

„Тренерот ме сака а и јас него. Многу работи се променија по неговото пристигнување во клубот“.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе