Лига на Шампиони

Елмас не доби шанса против Барса, Гризман го откажа прекрасниот гол на Мертенс (ВИДЕО)

Наполи и Барселона одиграа 1-1 на Сан Паоло, Мертенс со прекрасен гол ги донесе домаќините во водство но Гризман се погрижи Барса дома да се врати со добар резултат.

Реми на Сан Паоло во првиот натпревар од осминафиналето помеѓу Наполи и Барселона. Во меч со малку шанси, гостите го имаа поседот на топката, но домаќините беа поконкретни.

Наполи се реши за дефанзивен пристап, свесно му ја препушти топката на противникот, па Барселона го имаше поседот на топката. Но „каталонците“ не успеваа посериозно да го загрозат голот на Оспина. На спротивната страна, домаќините во својата прва сериозна шанса, поведоа со 1-0 по половина час игра.

Жуниор лошо реагираше, Зиелински освои топка во опасната зона и веднаш го проигра Мертенс, кој прекрасно пласираше за предност и огромна радост на Сан Паоло. За Белгиецот ова беше погодокот број 121 во дресот на Наполи и се изедначи со Хамшик на врвот на листата на најдобри стрелци.

До крајот на првиот дел, имаше уште едно возбудување пред голот на Барса, Манолас биеше по еден прекин но неговиот удар заврши крај голот.

Второто полувреме почна исто како првото, со Наполи во дефанзива. Но избраниците на Гатузо очигледно не можеа да одиграат перфектно цел меч, па едно невнимание и ненавремено изглекување за офсајд креираше одлчна акција на Барса која Гризман ја заврши за 1-1.

По примениот гол, Наполи заигра поофанзивно, Инсиње го стави на тест Тер Штеген, а кратко потоа 100% шанса имаше и Каљехон, но голманот на Барса одново беше на виситината на задачата и спречи нова предност на домаќините.

До крајот на натпреварот немаше многу надигрување но имаше искри на теренот, Артуро Видал набрзина заработи два жолти картони и исклучување.

Нашиот Елиф Елмас не доби шанса и мечот го преседе на клупа. 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе